Конзервативците и лабуристите го обвинија Најџел Фараж дека го поддржува Путин

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Лидерот на десничарската и популистичка Реформска партија на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, беше обвинет од истакнати британски конзервативци и лабуристи дека го брани Путин и го повтори неговото „гнасно оправдување за бруталната инвазија на Украина“.

Секретарот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли го осуди Фараж затоа што изјавил дека била испровоцирана војна, наведувајќи ја врската помеѓу проширувањето на НАТО и Европската унија во последните децении и конфликтот во Источна Европа, пишува Индипендент.

Во интервју за Би-Би-Си, Фараж изјави дека не го сака Путин како личност, туку му се восхитува како политичар бидејќи успеал да ја преземе контролата во Русија.

Слични содржини