Конзервативната партија на Џонсон поразенa на локалните избори

од Stefanija Kuzmanovska

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон ја загуби контролата врз традиционалното упориште во Лондон, локалната самоуправа Вандсворт и претрпе порази на други места на локалните избори, покажуваат денешните прелиминарни резултати.

Конзервативците ја загубија власта во Вандсворт, упориштето на партијата од 1978 година, која беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија.

Конзервативците објавија и дека го загубиле мнозинството во општина Барнет, каде од 1964 година наваму само двапати не победиле на изборите.

Слични содржини