Коп: Зависи од С. Македонија „како ќе си го среди дворот“

од Hristina Nikolovska

-Перспективата за членство во ЕУ е жива. Сега работиме да ја придвижиме земјата поблиску до ЕУ. рече во интервју за „360 Степени“  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп по повод ставот на неговата земја кон отварањето пристапни преговори со С. Македонија и со Албанија.

Тој рече дека прашањето за Скопје ќе биде на агендата на Советот за општи работи следната недела, но само од информативен карактер, а тоа, како што рече покажува дека земјите-членки се загрижени.

Коп порача дека мора да се затворат сите отворени правни случаи, но и оние кои ќе бидат отворени во иднина.

-Зависи од С. Македонија „како ќе си го среди дворот“, но тоа мора да го стори за да си ја осигура идината. За нас фокусот е на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Коп ја поздрави С. Македонија како идна 30-та членка на НАТО Алијансата.

Слични содржини