Корегирани бројки од МЗ: 15 починати и 355 заразени со коронавирус

од Nikola Popovski

Министерството за здравство се корегираше и објави нови бројки во врска со пандемијата со Ковид-19. Според новата статистика, регистрирани 355 нови случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.025.

Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи од: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 2.308 оздравени пациенти од: Скопје – 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.
Во последните 24 часа регистрирани се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Слични содржини