Корејска поп-ѕвезда пронајдена мртва во својот дом

К-поп ѕвездата Гоо Хара пронајдена е мртва во својот стан. Имала 28 години.

Пејачката на популарниот јужнокорејски бенд Кара пронајдена е во бессознание во својот дом во Сеул, пренесува The Sun.

Гоо неодамна ја завршила самостојната турнеја низ Јапонија.

Ѕвездата, која има повече од 1,5 милиони фанови само на Инстаграм, и предходно се има обидено да си го одземе животот, кога нејзиниот менаџер ја пронашол онесвестена. Тогаш таа објавила проштална порака до своит фанови на инстаграм, но подоцна се извини за време на лекувањето во болница.

Откако бендот во кој членувала од 2007 година се распаднал, Гоо Хара во 2015 го извадила својот прв соло ЕП „Alohara“ (Can You Feel It?).

Хара била блиска пријателка со Сули, 25-годишната пејачка која неодамна беше пронајдена мртва на подот од својот стан. Во еден момент од кариерата, двете членуваа во ист бенд. Гоо Хара пред само неколку дена го имала својот последен концерт, а од вчера фановите ѝ оддаваат почит на социјалните мрежи.

Јужна Кореја има најголема стапка на самоубиства во светот, особено кај лицата под 40 години.

Слични содржини