КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА МАМА И ТАТО: Што да правите кога детето хистерично плаче?

од Vladimir Zorba

Постојат неколку начини да го смирите детето, но прво утврдете дали е гладно, мокро и дали нешто го боли

Фрлање работи, туркање и мала доза на агресија во овој случај обично одат заедно. Некои деца добиваат хистерија и се самоповредуваат затоа што се обидуваат да привлечат внимание.

Научниците велат дека кај нив, исто како и кај возрасните, важи правилото дека насобраната фрустрација води до гнев, но бебињата не знаат како да го контролираат.

Внимание

Ако бебето постојано плаче, не трчајте веднаш да го земете во раце, туку почекајте малку, бидете до него и гледајте го за да сфатите дека го има целото ваше внимание. Потоа испружете ги рацете кон него и дури потоа прегрнете го и бакнете го.

Грешки

Грешката на родителите е и тоа што децата кои плачат, а се на возраст од две до три години, се обидуваат да ги утешат со бомбони или ветувања. Ова е погрешна стратегија бидејќи треба да знаат дека можат да ја освојат наградата без никаква хистерија. Подобар начин да го смирите е се да претворите во шега, бидејќи тригодишното дете веќе има смисла за хумор и може да препознае добронамерни шеги.

Утеха

Понудете му утеха на дете кое тажно плаче. Можеби е тоа омилената играчка, прегратка или галење, не е важно, важно е само да чувствува љубов. Ако плачењето е вообичаено, не сфаќајте го тоа како вина и немојте да мислите дека сте лош родител. Сите деца плачат, некои повеќе, некои помалку, и ова е нивниот начин да се борат против фрустрацијата или да привлечат внимание на некој свој проблем.

Слични содржини