Корона-агонија во Италија: Повеќе од 800 починати во последните 24 часа

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи од последиците од инфекција со коронавирус во Италија е зголемен за 827, објавило италијанското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека во Италија во последните 24 часа се регистрирани уште 28.352 случаи на Ковид-19.

Според официјалните податоци, во истиот период во Италија биле извршени 222.803 корона-тестови.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во таа земја се искачил на 53.677, а 1.538.000 лица биле заразени од почетокот на пандемијата.

Слични содржини