Корона данок за богататите?

од Vladimir Zorba

Во Австрија сè погласни се барањата богатите да плаќаат таканаречен корона данок, бидејќи земјата масовно се задолжува за да им помогне на компаниите.

Долгот на земјите во Европа, во текот на пандемијата, достигна рекордно ниво, а многу политичари се залагаат за специјални корона давачки што ќе им бидат наплатени на богатите, пренесува виенски Prese.

Австриската влада одвоила неколку милијарди евра за да им помогне на компаниите полесно да ја надминат кризата, а додека многу од нив се плашат за својата егзистенција, има и такви фирми кои профитираат од кризата. Па така, првиот човек на Amazon и најбогат човек на планетата, Џеф Безос не може да се пожали, но тој не е единствениот во светот што има бенефит од пандемијата.

Поради тоа, се заострува дискусијата за воведување на корона данок за богатите и во Германија, каде за тоа се залага министерот за финансии, Олаф Шолц. Тој бара граѓаните кои повеќе заработуваат, да плаќаат и поголеми давачки. Исто такво барање има и шпанската владејачка партија, којашто бара специјален данок за богатите Шпанци.

Австриската комора има концепт на “солидарен данок“. Временски ограничените придонеси треба да ги намалат долговите направени во текот на кризата што ја предизвика пандемијата, а на друга страна и да ги финансираат идните инвестиции. Тој данок би требало да се применува за имот вреден повеќе од 10 милиони евра, а ќе опфати околу 1% од домаќинствата во Австрија.

Слични содржини