Корона и спуштање на капакот на веце шољата: Ако не го сторите тоа, капките ќе летаат и до вашата глава

од Stefanija Kuzmanovska

Кога ќе пуштите вода во веце шољата, а капакот не е затворен, во воздухот се создава облак од капки, кој може да шири инфекции како што е коронавирусот, тврдат кинески научници.

Како што велат, капките од шољата може да се искачат до висината на главата, па дури и повисоко.

Капките може да достигнат 91 сантиметар, според компјутерскиот модел што го користат научниците од универзитетот „Јангжу“.

Со спуштање на капакот сето ова може да се спречи.

Слични содржини