Корона-кризата ги намали цените на становите за 4,3 отсто

од Берта Китинска

Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинила за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Наведените просечни цени на квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.

Слични содржини