Корона влезе и во Сити: Гвардиола и уште 13 луѓе од клубот позитивни на вирусот!

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите тренери на денешницата, стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е позитивен на коронавирусот, соопштија од клубот.

Поради позитивниот наод, Гвардиола ќе го пропушти натпреварот од третото коло на ФА Купот против Свиндон кој на програмата е во петок од 21 часот.

Покрај Гвардиола, позитивен е и неговиот помошник Хуан Мануел Лиљо, па тимот ќе го води друг помошник – Родолфо Борељ.

Покрај нив, дури 12 играчи и членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирусот.

Слични содржини