КОРОНАТА ДОПРВА ЌЕ ИЗБУВНЕ: Милиони Американци патуваат и покрај апелите од здравствените работници

од Stefanija Kuzmanovska

Околу еден милион Американци секојдневно патувале со авион во текот на изминатиот викенд и покрај апелите и молбите од здравствените експерти да избегнуваат собири и патувања за Денот на благодарноста, поради зголемувањето на смртноста кај ковид пациентите нширум САД.

Прогнозите предупредуваат дека за време на сезоната на празници, собирите нема да се намалат, а најголемиот патнички сообраќај се најавува следната недела.

Извештајот на АП посочува дека оваа година бројот на патници ќе биде двојно помал отколку во минатогодишната сезона на празници.

Сепак, околу 3 милиони патници, колку што беа регистрирани изминатиот викенд, создадоа најголема гужва од средината на март.

Слични содржини