Короната го исуши Борис: Британскиот премиер се преполови, ја прележа болеста и тврди дека сега му е многу подобро

од Aleksandar Petrovski

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека бил дебел кога се заразил со коронавирус на почетокот на оваа година и дека сега, без значителен број килограми, тврди тој, се чувствува многу подобро.

56-годишниот премиер помина три ноќи на интензивна нега во април, откако доби ковид-19, а оттогаш јавноста во Велика Британија е особено заинтересирана за неговото здравје.

– Можеби ве нервира тоа што ќе го кажам, но јас сум поспремен отколку што сум бил порано, јас сум целосно во форма, а тоа пред се се должи на фактот дека ослабев – им порача Џонсон на новинарите кои го прашаа за неговото здравје, откако им се обрати на настан организиран по предметот образование.

– Кога ќе достигнете тежина од 111 килограм, како што беше случај со мене, а со висината што ја имам – 178 сантиметри, веројатно е добра идеја да изгубите тежина. Успеав. И се чувствувам многу подобро – додаде Џонсон.

Британскиот премиер неодамна беше виден како трча со личен тренер во парк во близина на Даунинг стрит.

Исто така е познато дека во периодот во кој тој беше градоначалник на Лондон, помеѓу 2008 и 2016 година, тој беше страствен велосипедист.

Слични содржини