Короната не попушта: 25 починати, од кои 23 имале коморбидитети

од Nikola Popovski

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица.

Црниот биланс по градови изнесува: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 8.624

Слични содржини