Короната не попушта: Во Индија, повеќе од 20 милиони лица се заразени

од Nikola Popovski

Индија ја надмина бројката од 20 милиони заразени со коронавирус. Втората најнаселена земја во светот пријави 357.229 нови инфекции во последните 24 часа, со што бројот на заболени е на 20.2292.331 од почетокот на пандемијата.

Во исто време, 3.449 лица (вкупно 222.487) ја загубија битката со вирусот. Индија со тоа стана втора земја според бројот на потврдени случаи на Ковид-19, по САД, каде беа заразени дури 33.230.992 лица, објави Ројтерс. Во САД починаа 591.424 лица. На второ место според бројот на смртни случаи е Бразил со 408.622 смртни случаи, а на трето место е Мексико со 217.233 смртни случаи.

За само четири месеци годинава, над десет милиони луѓе се заразени во Индија, ист број како и потврдени случаи во период од дури десет месеци за време на првиот бран на пандемијата. Бројот на лица заразени со коронавирус во светот минатата ноќ надмина 154 милиони, од кои 19,4 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на страницата „Worldometers“. Повеќе од 3,23 милиони луѓе починаа во светот.

Слични содржини