Короната прогласена за умрена: Се врти оро за време на полициски во Чаир (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи излезе видео кое наводно е снимено денеска во скопски Чаир а на кое се гледа како граѓани вртат оро среде улица.

Денеска се празнува Рамазан Бајрам, а големиот број фотографии и видеа покажаа дека мерките пропишани од властите во борбата против коронавирусот не се почитуваат во северниот дел од главниот град.

Претходно Реисот Сулејман Реџепи пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот Ковид-19 е „умрен од денеска“.

– Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме и да знаете дека Ковид-19, можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска. Со оглед дека ние го победивме и затоа ние сме тука пред џамијата, Господ е со нас,и кога тој е со нас, ние се чуствуваме најсилни во светот, изјави Реисот.

Од 37-те новозаболени од Ковид-19 регистрирани во изминатото денонокие, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Полицискиот час денска започна во 11 часот и ќе трае до вторник до 5 часот наутро.

Слични содржини