КОРОНАТА СТИГНАЛА УШТЕ ВО СЕПТЕМВРИ! Нова студија предизвика ШОК во научниот свет

од Stefanija Kuzmanovska

САРС-КоВ-2 циркулирал во Италија уште на почетокот на септември 2019 година, многу порано отколку што се веруваше досега, според новата студија на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена, чиј главен автор беше научниот директор Џовани Аполоне.

Серолошкото тестирање на примероци од крв од 959 лица кои учествувале во студијата за рак на белите дробови во периодот од септември минатата година до март годинава, открило антитела на коронавирусот кај 11,6 проценти од испитаниците. Кај 14 проценти, откриено е дека тие веќе имале антитела во септември.

Четири случаи од првата недела на октомври се покажаа позитивни за антитела кои го неутрализираат вирусот, што значи дека се заразиле во септември, рече Аполоне.

„Ова е главното откритие: луѓето без симптоми не само што беа позитивни по серолошките тестови, туку имаа и антитела кои можат да го убијат вирусот“, рече Аполоне.

„Ова значи дека новиот коронавирус може да циркулира меѓу населението долго време и со ниска стапка на смртност, не затоа што исчезнува, туку со цел повторно нагло да избувне“, додаде тој.

Во студијата учествувале луѓе на возраст меѓу 55 и 65 години и сите биле пушачи. Скоро 60 проценти од испитаниците биле мажи, а 50 проценти од нив биле жители на Ломбардија. Наодите од крвта, исто така, покажуваат дека во септември 2019 година, вирусот бил потенцијално присутен во пет италијански региони, а во целокупната анализа на примероците од септември до март, пронајден е барем еден позитивен случај во сите 13 региони.

„За оние луѓе чии антитела беа пронајдени од примероците од крвта дадени во септември, инфекцијата најверојатно се случила во август“, рече Аполоне.

Првиот официјален случај на коронавирус во Италија е регистриран на 19 февруари.

Научниците сепак се скептични

Двајца научници, биологот Енрико Баучи од Универзитетот Темпл и имунологот Антонела Виола од Универзитетот во Падова, се скептични во врска со оваа студија.

Тие велат дека она што го открила студијата е всушност вкрстена реакција на 10 проценти од светската популација кои наишле на еден од другите коронавируси, кои развиле некаква форма на заштита од новиот коронавирус. Второ, тие велат дека тестот користен во Милано за откривање на антитела не бил валидиран.

Масимо Гали, директор на одделот за инфективни болести во болницата Сако во Милано, исто така е скептичен.

„Да речеме дека имаме реални потврди на случајот. Навистина е тешко да се помисли дека вирусот е толку стар. Ако е така, треба да се запрашаме зошто епидемијата не започна многу порано“, вели Гали.

Слични содржини