Короната во Европа не се смирува, овие земји бележат пораст на смртни случаи

од Stefanija Kuzmanovska

Во Грција денес е забележано зголемување на бројот на нови случаи со коронавирус, а бројот на смртни случаи како резултат на Ковид-19 е зголемен.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.812 новозаразени од 70.517 тестирани, додека претходниот ден бројот на нови случаи беше 1.402.

Во исто време, починаа уште 63 пациенти, седум повеќе отколку во понеделникот, пренесе „Катимерини“.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 381.000 пациенти се регистрирани во Грција, а 11.534 лица ја загубија битката со короната, според податоците на Националната организација за јавно здравје.

Велика Британија бележи раст

Велика Британија регистрираше 2.412 нови случаи на вирусот, што е зголемување за повеќе од 400 во споредба со претходниот ден.

Исто така, во последните 24 часа, седум лица починаа како резултат на инфекцијата.

Во Велика Британија, 36,81 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината, додека 20,55 милиони ја примија втората доза.

Во Велика Британија досега се заразени 4.452.756 лица, додека починаа 127.684 лица.

Италија има најмногу смртни случаи од корона по Велика Британија

Во Италија, изминатите 24 часа починаа 201 лице од Ковид, објави Министерството за здравство.

Според нив, 4.452 лица биле заразени со корона во истиот период.

Од почетокот на пандемијата во Италија, 124.497 луѓе починаа од Ковид-19, што е највисоко во Европа по Велика Британија, додека 4,17 милиони луѓе се заразени.

Во италијанските болници има 11.539 пациенти, а во текот на изминатиот ден, 262.864 лица биле тестирани на Ковид-19.

Слични содржини