Короната зема замав во Австрија: Бројот на пациенти со тешка форма на болеста двојно зголемен

од Stefanija Kuzmanovska

Летниот бран на коронавирусот во Австрија не само што го зголемува бројот на нови инфекции, туку почна да ги погодува и болниците, бидејќи бројот на хоспитализирани пациенти со ковид повторно го достигна нивото од крајот на јануари.

Според австриското Министерство за здравство, моментално во болниците има 1.235 пациенти со ковид, од кои 77 се на одделенија за интензивна нега.

За само една недела бројот на заболени од ковид, со тешка форма на болеста, на одделенијата за интензивна нега е зголемен за 57 отсто.

Слични содржини