Коронавирус: 1383 жртви, се повеќе заразени лекари

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми на 1.383, а  регистрирани се 5,090 нови случаи, што е рекорден број.

Вкупно 64.435 лица во повеќе од 25 земји низ светот се заразиле со вирусот, а меѓу заболените во Кима има се повеќе медицински лица, пренесува Си-Ен-Ен.

САД се загрижени за ширењето на коронавирусот во С.Кореја

САД се „сериозно загрижени“ за потенцијалното влијание од ширењето на коронавирусите во Северна Кореја и се подготвени да им помогнат на американските и меѓународните организации во борбата против вирусот, соопшти Стејт департментот.

„Ние силно ја поддржуваме и ја охрабруваме работата на американските и меѓународните хуманитарни и здравствени организации во борбата против ширењето на коронавирусот во Северна Кореја“, рече портпаролката Морган Ортагус, пренесува Ројтерс.

Слични содржини