Коронавирус и улична уметност: Стаорците на Банкси повторно во лондонското метро (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот уличен уметник Банкси се врати во лондонското метро и тоа со графити, со кои ги повика луѓето да носат маски во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Видеото објавено на социјалната мрежа Инстаграм прикажува човек, за кој се верува дека е познатиот уметник, маскиран како професионален чистач.

Тој е виден како испраќа пораки до патниците на пат за работа, а потоа црта стаорци на ѕидовите на вагон.

Банкси исто така го напиша своето име на вратата на возот.

Тој ја нарече оваа работа – „Ако не се маскираш, нема да ја добиеш“ – и на неа стаорците носат маски нацртани во пози, инспирирани од пандемијата.

На крајот на видеото, можете да го видите ѕидот во метро станицата со пораката „Ме затвораат“, а потоа следи нова „Но, повторно станувам“.

Потоа се затвора вратата од вагонот, а во позадина може да ја слушнете песната Tambtamping, хит на групата Chambavamba од 1997 година.

Според правилата на лондонските власти, сите патници во метрото мора да носат маски.

Во раните фази на својата кариера, Банкси, роден во Бристол, често црташе стаорци и мајмуни на вагоните на подземната железница.

View this post on Instagram

. . If you don’t mask – you don’t get.

A post shared by Banksy (@banksy) on

Слични содржини