Коронавирус: Идеално време за воведување на 4-дневна работна недела

од Nikola Popovski

Тековната пандемија на коронавирус е најдобро време за реформирање на нашите работни навики и ревидирање на воспоставените форми на вработување, како и за стимулирање на економијата.

Ваквата реформа ќе има позитивно влијание врз здравјето на работниците. „Она што го поминуваме во моментов е страшно, но тоа ќе ни помогне да ги откриеме можностите на секое работно место“, изјавил Шарлот Локхарт, главен извршен директор на „4 Day Week Global“, за „Euronews“.

„4 Day Week Global” обезбедува платформа за дискутирање на идејата за намалување на работната недела и ги поддржува деловните субјекти, вработените и земјите во воведувањето на истата. Иницијативата била покрената од Ендру Барнс и неговиот партнер Шарлот Локхарт.

Идејата е на агендата во Нов Зеланд

Идејата за воведување на четиридневна работна недела не е утопистичка. Премиерката на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, јавно проговори за идејата за четиридневна работна недела. Според неа, ова ќе го стимулира локалниот туризам и ќе овозможи подобра комбинација на професијата и слободното време.
„Многу луѓе ми зборуваат четиридневна работна недела“, изјавила Ардерн за време на дискусијата во живо на Фејсбук. Таа ги повикала работодавците да размислат за воведување пофлексибилни модели на работа, вклучително и намалување на работните денови.

Идејата за пократка работна недела добива се повеќе и повеќе следбеници низ целиот свет. Консултантската компанија од Нов Зеланд „Perpetual Guardian“ ја воведе четиридневната работна недела во 2018 година.

Денес, повеќе од 200 вработени се посреќни, попродуктивни и поздрави, бил цитиран основачот на компанијата, Ендру Барнс, од  германскиот„Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Тој исто така верува дека воведувањето на таков модел ќе и помогне на економијата да се опорави од влијанието на пандемијата.
Во 2019 година, Мајкрософт воведе пробна четиридневна работна недела во својата филијала во Јапонија. Резултатите покажале зголемување од 40% на продуктивноста. Засега, ваквите модели остануваат исклучоци.

Што покажува примерот на Франција

Во Франција, работната недела траела 35 часа скоро две децении. Сепак, земјата надминува голем број на земји во однос на продуктивноста на трудот со подолго работно време во неделата. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), бруто домашниот производ создаден по работното време во Франција е околу 25% повисок од просекот на ЕУ, како и во споредба со голем број други развиени земји во светот. „Euronews“ пренесува дека според новото истражување, 60% од француските работодавци го поддржуваат воведувањето на 4-дневна работна недела.

„Да се ​​работи 40 часа неделно без слободен ден е против човечката природа“, вели Шарлот Локхарт. Според неа, компаниите треба да обезбедат повеќе слободно време на своите вработени. „На овој начин, продуктивноста може да се зголеми за најмалку 20%“, изјавила таа.

Според Локхарт, 40-часовна работна недела е стар модел. Во времето во кое живееме, тешко е се повеќе и повеќе луѓе да се дистанцираат од работните обврски. „Кога беше воведена 40-часовната недела, немавме смарт телефони и е-пошта и сите други работи што нè преплавуваат со пораки денес. Затоа треба да градиме дисциплина“, рекла таа.

Извор: ДВ

Слични содржини