Коронавирус: САД ќе вакцинираат деца на возраст од 5 до 11 години од ноември

од Nikola Popovski

Децата на возраст од 5 до 11 години наскоро ќе можат да ја примат вакцината против Ковид-19 од нивниот педијатар, во локална аптека, а можеби дури и во нивното училиште, соопшти во средата Белата куќа, подготвувајќи детален план за очекуваното одобрување на вакцината Фајзер за учениците од основните училишта во следните неколку недели.

Федералните регулатори ќе се состанат во следните две недели за да ја проценат безбедноста и ефективноста на давање помали дози на вакцината на приближно 28 милиони деца во таа возрасна група, пренесува Асошиејтед прес.

Во рок од неколку часа по официјалното одобрување, што се очекува по потпишувањето на Управата за храна и лекови и состанокот на советодавниот одбор на Центрите за контрола и превенција на болести на 2-ри и 3-ти ноември, милиони дози ќе бидат дистрибуирани низ целата земја.

„Завршуваме оперативно планирање за да се осигураме дека вакцинацијата за деца на возраст од 5 до 11 години е достапна, лесна и соодветна“, рече координаторот на Белата куќа за Ковид-19, Џеф Зиентс.

Слични содржини