Коронавирус во мак-фудбалот: Позитивни случаи во Шкендија и Ренова

од Nikola Popovski

Од Тетово се дознава дека во Шкендија и во Ренова има позитивни на коронавирус, објави „Спортмедиа“ од информации блиски до клубовите.

Двата тетовски тимови направиле тестирања донирани од синдикатот за фудбалери, и тие покажуваат дека има шест случаи на Ковид-19. Според сознанијата, две лица се од таборот на Шкендија, и четворица од тимот на Ренова.

Засега не се објавуваат имиња, но многу детали ќе бидат познати во текот на денот. Секако дека тимовите ќе бидат подложни и на втори тестирања на коронавирусот.

Дознаваме дека се свикани итни состаноци во двата клуба за попладнево.

Слични содржини