Коронавирус во светот: Без нови случаи во Кина, нови жаришта во САД

од Nikola Popovski

Кина денес нема пријавено нови случаи на коронавирус, a eден ден претходно, два случаи биле регистрирани, пренесува Ројтерс.

Националната здравствена комисија објавиla дека се потврдени пет нови асимптоматски случаи na 28 мај, што е помалку од претходниот ден, кога биле пријавени 23 случаи.

Нови жаришта во СAD

Во САД се појавуваат нови жаришта на коронавирусот, што предизвикува загриженост дека епидемијата влегува во нова фаза, објави „Њујорк Тајмс“.

Епидемиолошката состојба се стабилизира и се смирува во Њујорк и Њу Џерси, кои биле жариштана епидемијата, но бројот на нови случаи расте и во државите Висконсин, Алабама, Арканзас, Калифорнија и Северна Каролина.

„Загрижени сме за состојбата и се прашуваме дали станува збор за тренд кој се движи во погрешна насока“, предупредил директорот за превенција на заразни болести на Универзитетската клиника во Медисон.

Слични содржини