Коронавирус: Зошто некои европски земји ја одбија опремата од Кина?

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку европски земји ја одбија кинеската опрема за борба против ширењето на коронавирусот.

Илјадници тестови и медицински маски се одбиени, бидејќи тие или не функционираат или не се со доволно добар квалитет, тврдат властите во Шпанија, Турција и Холандија.

Во Европа, десетици илјади луѓе се заразени со вирусот.

Повеќе од 10.000 луѓе починаа во Италија и повеќе од 7.000 во Шпанија – најтешко погодените земји во Европа.

Вирусот за прв пат беше регистриран во Кина на крајот на 2019 година, а кинеската влада наскоро воведе строги мерки за забрана на движење за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Кој е проблемот со опремата?

Холандскиот министер за здравство одби во саботата 600.000 заштитни маски од Кина.

Опремата е од кинески производител која пристигна во Холандија на 21 март и веќе е испратена до здравствени работници.

Сепак, холандските власти рекоа дека иако имаат сертификат за квалитет, маските не може да се вклопат на лицето и филтрите не функционираат како што треба.

„Остатокот од пратката веднаш беше запрен. Сега е решено ништо од таа опрема да се користи“, се вели во соопштението.

Шпанската влада имаше слични проблеми со тестовите нарачани од кинеска компанија.

Тие рекоа дека купиле стотици илјади тестови, но подоцна откриле дека околу 60.000 од нив не можат точно да утврдат дали пациентот има вирус.

Кинеската амбасада во Шпанија објави на Твитер дека кинеската компанија „Шенжен Биоизи Биотехнолоџи“, која ги произведува тестовите, не е лиценцирана за продажба.

Тие посочија дека во пратката, која дошла како помош од кинеската влада и кинеската компанија „Алибаба“, не содржи никакви производи од „Шенжен Биоизи Биотехнолоџи“

Турција исто така објави дека некои од тестовите нарачани од кинески компании не биле доволно прецизни, иако велат дека околу 350.000 тестови работеле добро.

Европските власти ја критикуваа Кина за наводно „ширење на влијание“ за време на пандемијата.

Министерот за надворешни работи на Европската унија, Жозеф Борел, во еден блог-пост рече дека дејствата на Кина имаат „геополитичка компонента, како што е борбата за влијание преку „спинување и политичка великодушност “.

„Кина агресивно ја испраќа пораката дека, за разлика од Америка, тој е одговорен и сигурен партнер“, рече тој.

Каква е состојбата во Европа?

Во Шпанија, во понеделникот починаа 812 луѓе зголемувајќи го вкупниот биланс на 7.340. Инфицирани се повеќе од 85.000 луѓе – повеќе отколку во Кина.

Како резултат, воведени се нови мерки – на сите вработени чија работа е непотребна, не смеат да одат на работа, а овие мерки ќе траат најмалку две недели.

Ситуацијата е сепак најлоша во Италија – повеќе од 10,000 починале, а скоро 100.000 се заразени.

Повеќе луѓе се заразени само во Америка, но бројот на загинатите е далеку помал.

Слични содржини