Коронавирусот е прилагоден да ги инфицира луѓето: Останува енигма дали станува збор за случајност или човечки фактор

од Nikola Popovski

Еден тим на врвни научници вели дека оние кои гo испитуваат потеклото на појава на коронавирус треба да јa испитат можноста дека вирусот можеби излегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, епицентарот на пандемија.

Професорот Николај Петровски, лидер на австралискиот тим, изјавил дека овој вирус не е типичен пример за инфекција која преминала од животно на човек, бидејќи има исклучителна можност веднаш да влезе во човечкото тело.

Тој додалдека не може да се исклучи можноста вирусот некако да избега од лабораторијата за тестирање. Петровски, професор по медицина на универзитетот Флиндерс во Аделејд, е лидер на истражувачка единица која ќе започне со тестирање на вакцината врз луѓето следниот месец.

Тој објасни дека кога новиот вирус преминува од животно на човечко, тој обично станува посилен бидејќи се прилагодува на новиот домаќин. Сепак, од необјаснети причини, новиот коронавирус се чини дека е совршено прилагоден за зарази кај луѓето. Професорот вели дека најблиските поврзани познати вируси биле изучувани на Институтот за вирологија во Вухан.

„Во моментов нема доказ дека вирусот „истекол“, но има доволно податоци кои предизвикуваат загриженост. Ваквата можност ќе остане се додека не биде исклучено од опција ваквото сомневање“, истакнува Петровски, додавајќи дека не треба да се прескокне лабораторијата во истражувањето на потеклото на пандемијата.

„Ова е или неверојатна случајност или знак за човечка интервенција“, додава Петровски.

Ричард Ебрајт, експерт за биобезбедност, истакнува дека шансите коронавирусот природно да добие такви карактеристики се можни, но дека тие се маклу веројатни.

Ваквите тврдења ќе поттикнат загриженост дека смртоносниот вирус е произведен во лабораторија со цел да навлезе во човечките клетки.

Ваквиот извештај доаѓа откако по анализата на податоците на мобилните телефони е потврдено дека лабораторијата во Вухан затворена во октомври минатата година. Во извештајот се наведува дека немало телефонски активности во високо обезбедуваниот дел од вуханскиот институт од седми до 24 октомври 2019 година. Исто така се укажува дека можеби се случил опасен инцидент меѓу шести и 11 октомври.

Слични содржини