Коронавирусот ги коси граѓаните на Њујорк: Теренска болница подигната во Централ Парк

од Stefanija Kuzmanovska

Тревниците во Централ Парк се познати како омилени места на жителите на Њујорк за да се релаксираат и да уживаат во убавиот ден, но од вчера е подигната теренска болница во познатиот парк бидејќи здравствените установи во Њујорк се преполни со заразени пациенти.

На источната страна на паркот има болничка теренска површина од 68 кревети и е дизајнирана како простор за итни пулмонални пациенти. Локална христијанска организација постави шатор во соработка со Федералната агенција за управување со вонредни состојби. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио рече дека полската болница ќе започне со работа во вторник.

Иако е мала, болницата е доказ дека Њујорк ги користи сите свои капацитети за лекување на пациенти со коронавирус.

Армискиот корпус на инженери го претвори Центарот за конвенции Џавитс во Менхетен во болница со 1.000 кревети. Гувернерот на Ендру Куомо сака да формира болница за 1.000 пациенти во секоја област. Тој претходно потврди дека Њујорк има повеќе од 1.000 жртви на епидемијата од коронавирусот. Властите предупредуваат дека ќе се зголеми бројот на болни, хоспитализирани и починати. Епидемијата ќе продолжи две до три недели, според експертите.

Медицинските работници секојдневно се јавуваат за да помогнат, а сè повеќе има снабдување со медицинска опрема. Федералната влада му стави на располагање на градот 2.500 респиратори. Подготвени се 8.918.000 заштитни маски, 179.328 заштитни очила, 1.570.300 пара нараквици и 476.565 N95 маски.

– Никогаш не е доволно. Имаме огромен број на пациенти, така што е невозможно да се задоволат сите потреби – вели дежурен лекар на одделот за анестезиологија во болницата Лонг Ајленд.

Опремата што се користи е за еднократна употреба, така што животот на медицинските работници од првите линии на одбрана од коронавирусот зависи од снабдувањето со заштитна опрема.

Персоналот се сели во Централ Парк

Куомо вели дека службениците во борбата против коронавирусот имаат две цели: зголемување на можноста да се грижат за болните и намалување на ширење на инфекцијата.

„Медицинските услуги во Њујорк служат двојно повеќе пациенти од вообичаеното, а медицинските единици се три пати поголеми“, вели д-р Мајкл Кац.

Околу 500 нови медицински сестри беа примени оваа недела, според градоначалникот Де Блазио. Дополнителни 500 ќе се приклучат следната недела.

Болницата Елмурст е една од најтешко погодените од епидемијата КОВИД-19. Деновиве, таа прими 169 нови членови на медицинскиот персонал за да помогне во борбата против болеста.

„Градот ќе продолжи да преместува персонал за да и помогне на секоја болница која има целосен капацитет за време на избувнувањето“, рече Де Блазио.

Медицинскиот центар на Универзитетската болница во Брукдејл работеше со полн капацитет. Болнички кревети имаше во ходниците, а мртовечницата беше полна.

– Немаше слободен агол. Целиот расположен простор се користи за сместување на пациенти – вели д-р Арабија Молет.

Социјално дистанцирање

Во Њујорк социјалното дистанцирање не постои како морална обврска, но граѓаните се правно принудени да го почитуваат принципот на заштита. Градоначалникот рече дека секој што ќе ја наруши мерката ќе биде казнет со парична казна од 250 до 500 долари.

Граѓаните ќе бидат казнети доколку ја нарушат мерката социјална оддалеченост дури и откако ќе бидат предупредени од полициски службеник, јавува Си-Ен-Ен.

– Ако луѓето ја игнорираат одлуката, останува единствено казната. Ние ќе им дадеме на граѓаните можност да го разберат предупредувањето. Доколку продолжат да сеоднесуваат недолично, тие заслужуваат казна – рече Де Блазио.

Полицијата ќе провери колку се почитува принципот на социјална дистанца во метрото. Тимските спортови се забранети во Њујорк. Тениските терени и фудбалските терени ги симнуваат мрежите, а 80 кошаркарски обрачи веќе се отстранети.

Слични содржини