Kоронавирусот го имаме најмногу од оние што дојдоа во земјава и не ги дадоа вистинските податоци, изјави Филипче

од Vladimir Zorba

Оценувајќи дека е најважно граѓаните да ги даваат вистинските податоци, министерот за здравство, Венко Филипче во „Топ Тема“ на „Телма ТВ“ изјави дека коронавирусот го имаме најмногу од оние што дојдоа во земјава и не ги дадоа вистинските податоци, а и дека се прават анализи и на пациентите со сезонски грип, каде годинава има пораст во однос на вообичаената бројка до лани.

– Ги анализиравме бројките на пациенти со сезонски грип и за разлика од вообичаениот број до минатата година историски гледано повеќе години наназад биле околу 20 илјaди, а оваа година се 37 илјади. Значи скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Материјалите на тие пациенти кои се лекувале од сезонски грип и на кои се земале брисеви се анализирале за присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се уште се во Институтот за јавно здравје и тие може дополнително да се тестираат да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот. Меѓутоа сега целосно капацитетот е насочен на детекција на новите пациенти, затоа малку поспоро ќе оди ова да се изанализира и да се направи некаква ретроспектива што може да даде поточни податоци, рече Филипче.

Слични содржини