Коронавирусот го загрозува и Асанж: Во затворот во кој е основачот на Викиликс откриен Ковид-19 (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Условите во затворот Белмарш, каде е основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, се многу полоши отколку што ги претставуваат британските власти, тврди главниот и одговорен уредник на Викиликс, Кристин Храфинсон, укажувајќи на опасност од појава на коронавирус по првиот смртен случај.

„Чуварите на затворот доаѓаат и си одат, а најмалку една третина од нив не доаѓаат на работа затоа што се заразени со вирусот на корона или затоа што се сместени во изолација“, рече Храфинсон за РТ.

Тој додаде дека бројот на заразени затвореници во објектот е многу поголем отколку што велат официјалните бројки, затоа што не се прават доволно тестови.

„Ситуацијата е особено загрижувачка за Асанж бидејќи тој беше во лоша здравствена состојба пред избувнувањето на епидемијата“, рече Храфинсон.
Асанж, додава тој, многу е лошо и чувствителен е човек, особено на болест како што е Ковид-19.

„Тој има проблеми со белите дробови, што значи дека е ризичен пациент дури и под нормални услови. Тој е во ситуација кога неговиот живот е во опасност секој ден, секој час”, рече Храфинсон.

Тој исто така тврди дека британските власти не се грижат за Асанж ниту за другите затвореници, особено за време на епидемијата на вирусот. Исто така ја критикуваше одлуката на судот да го продолжи сослушувањето за екстрадиција на Асанж во САД „како ништо да не се случува во светот“.

Слични содржини