Коронавирусот коси низ Германија: Регистрирани 22 нови случаи заболени во шест покраини

од Aleksandar Petrovski

Дваесет и два нови случаја на коронавирус се регистрирани во шест германски провинции, при што повеќе од 30 луѓе се заразени во Германија. Во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената германска покраина, уште 14 лица се позитивни на новиот коронавирус, и тоа во областа Хајнсберг каде за првпат беше пријавен случај.

Вклучувајќи нови случаи, сега има 20 заразени лица во и околу Хајнсберг. По едно лице има заразено во Хамбург, Франкфурт, Хесе и Баварија.

Во Баден-Виртемберг, пријавени се четири нови случаи, вкупно осум. Државата Рајналенд-Пфалц објави дека маж во Кајзерслаутерн е заразен со вирусот Ковид-19. Министерот за здравство Јенс Шпан во средата изјави дека Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус, бидејќи новите случаи веќе немаат никаква врска со изворот на заразата во Кина.

Слични содржини