Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Коронавирусот може да се задржи на заштитните маски најмногу до 7 денови: Конечно е потврдено колку долго вирусот се задржува на различни површини

Коронавирусот може да се задржи на заштитните маски најмногу до 7 денови: Конечно е потврдено колку долго вирусот се задржува на различни површини

Новиот коронавирус е респираторно заболување и најчесто се пренесува преку капки, но откако се појави, се дискутираше за тоа колку може да се задржи на површините.

Најновата студија објавена во стручното списание „Лансет“ открива дека вирусот може да се задржи најдолго на не’рѓосувачки челик, пластика, но и хируршки маски – дури до 7 дена!

Студијата исто така открила дека на хартија, може да се задржи најмногу до три часа. Треба да поминат два дена за да го снема од волната и другите ткаенини, а најмногу време за вирусот да исчезне, било потребно на надворешната страна на хируршката маска, пренесува Yahoo. Поточно, седмиот ден бил сè уште таму, иако во помали количини.

Затоа, исклучително е важно редовно да ги дезинфицирате површините со кои најчесто доаѓате во контакт, но исто така да ја носите маската само еднаш и потоа да ја фрлите, претходно завиткајќи ја во посебна кеса.

Ако користите памучна маска, направена во домашни услови, после секоја употреба измијте ја со вода на 90 степени во машината и пеглајте ја, пред да ја користите следниот пат.

Сите мазни површини се сметаат за најризични, вклучително и смарт-телефоните, тастатурите и работната површина, без оглед од кој материјал се направени.

loading...