Коронавирусот не мирува: Половина милион жртви и 10 милиони заразени

од Nikola Popovski

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 500.000, додека бројот на заразени е над 10 милиони, според најновите податоци.

Според податоците од сајтот worldometers.info, повеќе од 500.530 пациенти починале од последиците на Ковид-19 досега, а повеќе од 10.064.000 се заразиле со овој вирус.

Досега, повеќе од 5.450.000 заразени лица се опоравиле од коронавирусот, така што во моментов активни се нешто повеќе од 4.113.000 случаи, од кои околу 58.000 се во сериозна или критична состојба.

Најголемото жариште сеуште се САД, со скоро 2,6 милиони пациенти и повеќе од 128.000 смртни случаи од вирусот.

Следува Бразил со повеќе од 1,3 милиони заразени и повеќе од 57.000 мртви, а потоа Русија со повеќе од 627.000 регистрирани случаи на Ковид-19 и скоро 9000 починати.

Слични содржини