Коронавирусот не спречил 101 годишна баба да избега од старечки дом заради роденденот на нејзината ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Баба на 101 година, кој пронашла засолниште од коронавирусот во старечки дом, имала желба да ја посети ќерка си за време на изолацијата и да и честита за роденденот.

Старицата успеала да избега од домот од излезот за итни случаи, изјави полицијата на Брауншвајг, град во северна Германија. Полицијата ја пронајде старицата како се шета на улицата, а таа негирала дека живее во блискиот дом за стари лица, туку живее со нејзината ќерка.

Кога ја одвеле кај нејзината ќерка, се покажало дека старицата била во домот две недели, но дека „нејзината ќерка многу и недостасувала“, додава полицијата.

Старата дама „можеше барем накратко да ја види својата ќерка во полициско возило“ пред да се врати во нејзиниот дом.

Слични содржини