Коронавирусот опасно удри по кинеската економија: Милиони фирми пред колапс, 60 отсто од економијата на работ на пропаст

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Кина, Си Џинпинг изјави дека Кина се соочува со голем тест од кога анализата покажа дека милиони мали и средни претпријатија, кои ја сочинуваат 60 отсто од кинеската економија се на раб на преживување.

Утврдено е дека 60 отсто од фирмите можат да вршат регуларна исплата уште само два месеца по што ќе останат без пари. Само 10 отсто од нив можат да издржат уште шест месеци или подолго, пренесува порталот Кликс.

Малите и средни претпријатија се посебно во фокусот затоа што сочинуваат 60 отсто од кинеската економија и во нив се вработени во просек по 80 работници, се наведува во податоците на Народната банка на Кина.

Слични содржини