Коронавирусот победен од над 30 милиони луѓе

од Vladimir Zorba

До денес, повеќе од 30 милиони луѓе во светот се опоравиле од коронавирус, според податоците на веб-страницата „Ворлдметрс“.

Во исто време, повеќе од 40 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата. Во моментов има околу девет милиони активни случаи.

Повеќе од 1,1 милиони пациенти ја загубија битката со круната, пренесува Танјуг.

Најголем број пациенти се уште има во САД – 8,3 милиони, Индија – 7,5 милиони, Бразил – 5,2 и Русија – 1,4 милиони.

Од европските земји, најпогодени се во Шпанија – 982.723, во Франција 867.197 и во Велика Британија 705.428.

loading...

Слични содржини