Коронавирусот полека се повлекува од овие пет македонски градови

од Берта Китинска

Додека во Скопје, Штип, Куманово, Гостивар и Дебар секојдневно се регистрираат нови случаи позитивни на Ковид 19, во овие македонски градови пандемијата полека се повлекува:

  • Крушево 16, активни 3
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 9, активни 5
  • Валандово 7, активни 1
  • Кратово 15, активни 3

Според податоците на Министерството за здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

Слични содржини