Коронавирусот се појави и во неколку штипски училишта

од Nikola Popovski

Расте бројот на позитивни деца со коронавирус во училиштата ширум земјава. Четири ученици се позитивни, а денес се тестираат и двајца наставници во училиштето Ванчо Прќе. Има и еден заразен ученик и еден сомнителен во средното училиште за специјално образование и воспитание „Искра“. Од општинскиот кризен штаб велат дека децата не се заразиле во училиште.

Од Центарот за јавно здравје – Штип информираа дека до денеска имаат регистрирано по еден заразен ученик во основните училишта „Тошо Арсов“ – Штип и „Страшо Пинџур“ во Карбинци. Одделенијата во кои учеле учениците се ставени во изолација. Еден позитивен случај има во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, таму 18 ученици од паралелката во кој учел средношколецот се во изолација.

Оваа учебна година почна со настава со физичко присуство за сите ученици во Македонија. Според планот на надлежните, ќе се премине на оналјн настава ако се заразат 10 отсто од учениците.

Слични содржини