Коронавирусот се шири низ Европа: Потврден 20-тиот случај во Велика Британија

од Nikola Popovski

Властите во Велика Британија потврдија дека е регистриран 20-тиот случај е на коронавирус.Лицето е заразено во Велика Британија и се лекува во Лондон, пишува Мирор .

Професорот Крис Вити, шеф на медицинската служба, рече дека вирусот е пренесуван во границите на државата.

„Сè уште е нејасно дали сите тие се заразиле директно или индиректно од личноста која неодамна се вратила од странство“, рече професорот. – Но, целиот случај се истражува и започната е потрагата по други контакти на заразеното лице.

Пациентот бил упатен на специјалист во Инфекцискиот центар во Гејс и во болницата „Гајс енд Сент Томас“.

Вкупниот број случаи во Англија сега е 18, а со потврдените случаи во Северна Ирска и Велс, вкупниот број случаи во Велика Британија е 20.

Слични содржини