Британските медиуми соопштуваат дека принцот Чарлс е позитивен на ковид-19, откако го направил тестот за коронавирус. Камила Паркер Боулс засега е негативна.

Здравствената состојба на принцот од Велс засега е добра и стабилна, тој има благи симптоми и во склад со лекарските упатства, заедно со војвотката од Корнвол, се изолирани во нивниот дом во Шкотска.

Не може точно да се утврди кога принцот се заразил, бидејќи изминатиот период кралското семејство беше присутно на голем број настани на кои имаа контакти со луѓе.

Слични содржини