Коронавирусот удри во срцето на британската политика

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку часа откако премиерот Борис Џонсон во петокот објави дека е позитивен за коронавирус, истото се случи и со неговиот министер за здравство, а потоа двајца советници од владата објавија дека имаат симптоми.

Не може да се знае дали четворицата од нив се заразиле или ја добиле болеста од некој друг.

Министерот за здравство Мет Ханкок, главниот советник за здравство во Велика Британија Крис Вити и премиерот Џонсон беа единствените во просторијата на владиното интервју во вторникот.

Тие исто така се сретнале неколку пати во изминатите десет дена, според официјалниот дневник на Џонсон, за да формулираат британски одговор на епидемијата.

Вити е со премиерот на три од 11-те прес-конференции за коронавирус од 16 март.

Многумина во Даунинг стрит, и пошироко, се прашуваат колку луѓе биле во контакт со премиерот пред да биде потврдено дека има коронавирус.

Џонсон е првиот светски лидер, позитивен на коронавирус

Исто така, беше објавено во понеделникот дека советникот на Џонсон, Доминик Кумингс, еден од највлијателните личности во владата, развил симптоми во текот на викендот и е во самоизолација.

Портпаролот на Џонсон пред новинарите во петокот изјави дека премиерот не бил во близок контакт со ниту едно лице „од моментот кога ги развил симптомите“ односно минатиот четврток.

Џонсон е првиот светски лидер што објавил дека има КОВИД-19, додека бројни други водачи се тестирале за коронавирус.

Германската канцеларка Ангела Меркел, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и американскиот претседател Доналд Трамп објавија по тестирањето дека немаат коронавирус, додека канадскиот премиер Џастин Трудо отиде во самоизолација порано овој месец, откако неговата сопруга беше потврдена дека е заразена.

Мишел Барние, главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, исто така беше позитивен за коронавирусот, како и неколку американски конгресмени.

Состаноци лице в лице

Научниците тврдат дека периодот на инкубација на коронавирус е од еден до 14 дена и дека се знае дека асимптоматските лица се носители на вирусот.

Џонсон се сретнал и со други луѓе, според два извори блиски до премиерот.

Еден извор на „Даунинг стрит“ рече дека 75 од 200 вработени во зградата на британската влада, која има околу стотина простории, сè уште работат во повеќе смени за да ја намалат можноста за зараза.

Џонсон, исто така, редовно им се обраќаше на новинарите во зградата на владата до 24 март, по што почна со видео конференција.

Некои новинари кои присуствуваа на конференциите се во изолација.

Минатата среда, Џонсон, ден пред да биде потврден дека е заразен, одговори на прашања од парламентарците во Долниот дом.

Шкотскиот министер Алистер Џек, кој седеше до Џонсон пред сесијата, изјави дека има треска во четвртокот со кашлица и работи од дома.

Социјално растојание

Велика Британија првично се одлучи за полабав пристап кон коронавирусот без ограничувања, за што Шведска, на пример, сè уште инсистира на тоа.

Пред две недели, Џонсон се предомисли и реши да воведе построги мерки, карактеристични за повеќето европски земји.

Училиштата во Велика Британија се затворија на 20 март, при што премиерот нареди затворање на сите, освен три продавници три дена подоцна.

Само пет часа откако Џонсон објави дека има коронавирус, Вити напиша на Твитер дека оди во самоизолација „наредните седум дена“ поради „симптоми компатибилни со КОВИД-19“.

Вити тогаш додаде дека тој ќе продолжи да ја советува владата.

Истиот ден, Хенкок објавил дека има коронавирус, со благи симптоми и отиде во самоизолација.

Слични содржини