Коронавирусот за неколку недели направи хаос во Италија: Еве зошто во оваа земја луѓето умираат од вирусот во голем број

од Aleksandar Petrovski

Италија со недели е вистинска енигма за здравствените стручњаци – како земја со само 60 милиони жители може да регистрира најголем број смртни случаи од коронавирус, дури и повеќе од најмногубројната Кина.

Разгледани се различни одговори, почнувајќи од несовесниот менталитет на граѓаните, до големата просечна возраст на населението. Едно можно решение лежи во нешто што би било добра вест во која било друга година – сезоната на грип во 2019 и 2020 година усмрти многу помалку постари Италијанци од вообичаеното, според податоците на италијанското Министерство за здравство.

Постарите лица и хроничните болни кои беа поштедени од грип од ноември до јануари станаа најголема мета на коронавирусот во февруари и март, пренесува Блумберг.

Помалку смртни случаи од грип доведоа до „зголемување на базата на најранливите“, објаснува извештајот во кој се анализирале податоците од 19 италијански градови до 21 март. Овие Италијанци се нашле изложени на коронавирус во февруари, што можело да ги зголеми уништувачките последици од епидемијата.

Во северните региони, кои учествуваат со најголем број од вкупно 13.155 смртни случаи во Италија, стапката на морталитет на луѓе над 65 години во последната сезона на грип била околу шест проценти пониска од просекот од претходните години. Во централна и јужна Италија, смртноста била околу три проценти под нормалата.

Бројот на смртни случаи од коронавирус кај популацијата над 65 години до 21 март достигна број на смртни случаи во последните две сезони на грип и сè уште е помала од сезоната 2016-17. година.

Она што предизвикало оваа сезона на грип да биде помалку смртоносна од претходните се невообичаено високите зимски температури.

Набљудување на претходните епидемии на грип во Италија може да објасни зошто имало многу повеќе смртни случаи од другите земји, вклучително и Кина, особено меѓу најстарата група.
Бројот на починати во Италија вчера се искачи за 727 на 13.155. Сепак, бројот на новозаразени генерално е стабилен и се зголеми за 4.782, со што вкупниот број на заразени од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари порасна на 110.574.

Слични содржини