Коронавирусот зема замав, болниците се полнат – во помош се вклучува и АРМ

од Берта Китинска

Нема слободни места во болниците, здравствените институции информираат дека недостасува и медицински кадар.

Во болницата во Велес се примаат пациенти со Ковид 19 на Интерното одделение со пациенти од Ковид-19.

Во Инфективното и во ковид-центрите во прилепската градска болница моментално се хоспитализирани околу 60 пациенти и има недостатокот на медицински персонал.

Додека пак во струмичакта болница дванаесет медицински лица, меѓу кои доктори и медицински сестри о се наоѓаат во изолација. Кај сите нив било потврдено дека се позитивни на корона вирусот.

Од денеска во помош со кадар и опрема се вклучува и АРМ. Претседателот и Врховен командант Стево Пендаровски нареди и медицински лица од Армијата да се ангажираат во работата на здравствени установи. Војската ќе помага и во поставување шатори и друг вид сместувачки капацитети наменети за лекување на заболените лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.

Слични содржини