Кортни Кардашијан не го крие новото момче од папараците (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кортни Кардашијан и нејзиното ново момче Тревис, покрај тоа што речиси редовно одат на романтични вечери и се опкружени со папарацо-фотографи, се однесуваат „како да се сами на светот“.

Од објавувањето на врската, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер станаа послободни во јавноста. Вечерата во еден вегетаријански ресторан помина во размена на нежности, а неколку дена подоцна, на ист начин посетија друго место.

Дури и опкружени од папараците не се разделувале.

Инаку, Кортни ја откри врската со славниот тапанар објавувајќи фотографија на која тие се држат за раце на Инстаграм, а нивните фанови беа воодушевени.

Слични содржини