Кортни Кардашијан објави дека е во врска со тапанар на познат бенд (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Долго време се шпекулираше дека ријалити sвездата Кортни Кардашијан (41) е во романтична врска со тапанарот на познатата група Блинк-182, Тревис Баркер (45), а парот сега ја потврди својата врска.

Кортни објави фотографија на која тие се држат за раце на Инстаграм, со што јавно ја призна врската.

Обожавателите на двојката се воодушевени.

Кортни се дружи со Тревис повеќе од десет години, а тие живеат еден спроти друг во Калабасас.

-Таа му се допаѓаше долго време, а неа пак, идејата за врска со него сè повеќе ѝ се допаѓаше. Тој е добро момче и одличен татко – изјави нејзината мајка Крис Џенер (65) за странските медиуми.

Слични содржини