Кортни Кардашијан со фотографии од Мексико докажа дека е „стегната“ од глава до пети

од Stefanija Kuzmanovska

Најстарата сестра КАРДАШИЈАН во последно време ги чести своите фанови со неретуширани и реални фотографии. 42 -годишната Кортни Кардашијан моментално е на одмор во Мексико и деновите ги поминува во костим за капење. Таа со своите обожаватели сподели фотографии од песочната плажа и докажа дека е „затегната“ од глава до пети.

Во минијатурно бикини, таа ги истакна сите свои облини и направи неколку селфи фотографии и собра милиони лајкови.

„Тоа е она што јас го нарекувам згодна жена“, коментираше еден фан.

И не постои такво тело случајно. Кортни вложува многу време во себе. Таа тренира пилатес и прави многу вежби фокусирани на задникот.

Што се однесува до исхраната, обожавател е на кето, и таа се обидува повремено да пости. Во моментов, 95 проценти од нејзиното мени се состои од веганска храна.

Слични содржини