Кошаркарската репрезентација добива нов селектор: КФСМ му кажа збогум на Тодоров

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека нашата најдобра репрезентација ќе добие нов селектор.

Тодоров имаше договор со КФСМ до крајот на квалификаиците за ЕП 2021, а откако не успеа да се пласира ќе има промена на клупата.

Од федерацијата објавија дека во понеделник на прес-конференција ќе биде промовиран новиот селектор.

„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, стои во соопштението на Федерацијата.

Слични содржини