Кошмар во Хаваи: Фонтани од лава и експлозии во ноќта

од desk2

Вулканот Килауеа на Големиот Остров на Хаваи почна да еруптира пред две недели, но сегашната експлозивна активност почнува сериозно да ги загрижува локалните служби. Синоќа од вулканот излегуваа фонтани од лава и летаа огнени топки „со големина на фрижидер“.

Крајбрежниот пат преку кој се повлекуваат локалните жители синоќа беше во опасност да биде пресечен од вулканската активност, што би можело да ја попречи евакуацијата.

https://www.youtube.com/watch?v=vDC981IrbFg

Ако лавата стигне до океанот, ќе дојде до појава на токсични гасови опасни за луѓето и животната средина.

Првата посериозна повреда од вулканската ерупција беше пријавена вчера, кога парче „вулкански проектил“ погодил човек кој седел на балконот во неговиот дом.

Ова значи дека радиусот на опасната зона се зголемува, а синоќа вулканските гасови можеле да се почувствуваат во радиус од 3 километри.

Слични содржини