Кошмарни вести за ПСЖ, тимот го губи Верати за долго

од Vladimir Zorba

ПСЖ доби многу сериозен удар, откако стана јасно дека халфот на тимот, Марко Верати има сериозна повреда. Ова го откри тренерот на тимот Томас Тухел по синоќешната победа од 9:0 над Гингам.

Италијанецот се повреди во првото полувреме и на крајот беше принудно заменет, а на прес-конференцијата по средбата стана јасно дека неговата состојба воопшто не е лесна и станува збор за повреда која ќе одземе доста време за да се опорави.

„Нема добри вести за Марко. Повредата му е сериозна. Ќе ги почекаме прегледите и ќе видиме. Ова е најлошото нешто што можеше да ни се случи“, изјави загрижен Тухел пред новинарите по натпреварот.

Се очекува до крајот на денешниот ден или најдоцна до крајот на утрешниот да стане јасна состојбата на Италијанецот.

Слични содржини