Кошта во составот на Шпанија, Мората не

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта беше вратен во репрезентацијата на Шпанија за претстојните контролни средби со Германија во Дизелдорф на 23-ти март и Аргентина во Мадрид на 27-ми март.

Кошта, кој до јануари немаше право да игра за Атлетико Мадрид, беше префериран од шпанскиот селектор Хулен Лупетеги пред напаѓачот на Челзи, Алваро Мората.

Во групата од 24 фудбалери за контролните мечеви влегоа и играчите на Челзи, Маркос Алонсо, на Виљареал Родри и на Валенсија – Дани Парехо, кои ќе дебитираат за „фуријата“.

Слични содржини